Skip to content

ДАТУМ

септември 7, 2011

Категории

Реизбран Градоначалникот на Кочани Г-дин Ратко Димитровски за Претседател на Советот за развој на Источен плански регион.

На 21 та редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион одржана на 31.08.2011 година во општина Пехчево како една од точките на дневен ред беше и избор-реизбор на нов Претседател на Советот за развој на Источен плански регион. 

Како единствен кандидат за оваа позиција, од страна на Градоначалникот на општина Пехчево Г-дин Јованчо Станоевски беше предложен Градоначалникот на општина Кочани, Г-динот Ратко Димитровски кој и досега ја вршеше оваа функција. Предлогот беше ставен на гласење и едногласно усвоен односно динот Ратко Димитровски беше реизбран и неговиот мандат ке трае во наредните две години.
Останати точки на дневниот ред беа и:
1. Информација за Проектот ,,Воспоставување на регионално планирање и реализација на ГИС, како предуслов за воспоставување на заеднички одржлив развој на општините од ИПР.
За оваа точка на дневен ред Раководителот на Центарот ги запозна Градоначалниците на 11 општини од Источниот плански регион за начинот на реализација на проектот и условите за кофинансирање, бидејки Проектот претставува 60 % донација (120 000 Евра) од Владата на Република Словенија додека останатите  40 % треба да ги обезбедат општините.
2. Одлуки за разработка и спроведување на Проекти по вториот повик за прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија финансирани од страна на ЕУ;  
На вториот повик Центарот ќе аплицира со два проекта и тоа: 
Промоција и заштита на Биодиверзитетот во Малешевските планини, заедно со Бизнис информацискиот и комуникациски центар од Сандански, Република Бугарија
Подобрување на енергетската ефикасност во прекуграничниот регион, заедно со општина кочани од Македонска страна и партнер од република Бугарија е општина Гоце Делчев.
 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy