Центарот за Развој на Источен Плански Регион–Штип, на 27 Декември, 2011 година, (вторник) во хотел “ИЗГРЕВ”, Штип, организираше:
Семинар за Европски стандарди и деловна соработка
(Република Македонија – Република Бугарија)
Од проектот: „Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од ИПА, Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија 2007 – 2013, CCI Number 2007CB16IPO007.
Основната цел на семинарот беше да се презентира Политиката на Европска Унија за Малите и средни претпријатија, МСП и деловна соработка во ЕУ контекст како и што треба да се превземе за да бидеме подготвени за ЕУ и предуслови за конкурентност.
На овој семинар присуствуваа претставници од малите и средни претпријатија од Источниот плански регион, како и претставници од партнерот на овој проект, Здружение Бизнис Информативен и Консултантски Центар – Сандански, Р. Бугарија.
No comment yet, add your voice below!