Skip to content

Промотивен ден на Источен плански регион

ДАТУМ

јануари 22, 2013

Категории

На  19.12.2012 година се одбележа Денот на градот  „19 декември-Свети Никола“ , Патронот и воедно заштитник на градот Штип, како и „Промотивен ден на Источниот плански регион“.

Согласно програмата за одбележување, се започна со архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Никола“ по што  следеше Литија на релација: Соборен храм „Свети Никола“-ул„Маршал Тито“ до градскиот плоштад.

Во малата сала на Општина се оддржа и Туристичка промоција на Источниот плански регион и Центарот за развој на ИПР, на која беа промовирани промотивни материјали изработени како дел од проектот „Регионален Маркетинг“, финансиран од страна на ГИЗ РЕД Програмата за регионален развој во Р.Македонија. Промовирана беше Туристичка мапа и Туристичка брошура на Источниот плански регион. Исто така пред присутните беше презентиран видео спотот „Сврти на исток“ како дел од проектот, во кој се претставени  туристичките потенцијали и убавини на сите 11 општини од Источниот плански регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy