Skip to content

ДАТУМ

јануари 23, 2014

Категории

Завршна прес конференција за Проектот Малеш

Центарот за развој на Источен плански регион – Штип и Бизнес Информативниот и Консултантски Центар – Сандански на 20 Јануари 2014 година (понеделник) во општина Сандански, Република Бугарија одржаа завршна прес конференција за претставување на резултатите на проектот “Промоција и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини – МАЛЕШ“, проект финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2007 – 2013, Инструмент за претпристапна помош CCI Number 2007CB16IPO007.

Настанот се спроведе во Конференциската сала на хотел „Свети Никола”, општина Сандански, Република Бугарија. На завршната прес конференција се претставија активностите и настаните, кои беа спроведени на територијата на двата погранични региони како и завршните резултати на проектот, како што се: анализата за заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини, Информативниот Водич за промоција и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини, изработениот интерактивен веб портал www.maleshmountain.eu, промотивните стикери за видовите, претставување на идните активности на ново создадената партнерска мрежа за соработка помеѓу организациите и институциите кои делуваат во делот за заштита и промоција на биодиверзитетот како и ретроспектива на настаните спроведени во рамките на проектот. 

На завршната прес конференција присуствуваа претставници од локалните самоуправи во состав на прекуграничниот регион, претставници од невладиниот сектори, еколошки организации, образовни институции и локални и регионални медиуми. 

На сите учесници и се подели пакет на промотивни, информативни материјали кои се изработени во рамките на проектот МАЛЕШ, посебен акцент зазема дискусијата за идни мерки и активности за промоција и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини и на крај настанот се заврши со прегледување на двата изработени видео спотови во рамките на проектот кои во иднина ќе бидат имитувани преку регионални медиуми и десиминирани на повеќе веб портали во прекуграничниот регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy