Согласно заклучокот од 177-та седница на Влада на Република Македонија од 24.12.2013 година, на 22 јануари 2014 година, во организација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, , во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, во прсториите на ЗЕЛС, се одржа советување на тема „Седум години неуспешна реализација на регионални депонии во Република Македонија“.
На советувањето беа опфатени надлежностите што ги преземаат општините со измените и дополнувањата на Законот за управување со отпад, што стапија на сила во октомври 2012 година. Суштинските измени на Законот се однесуваат на воведување на регионално управување со отпад, односно обврската на општините да формираат регионален центар за управување со отпад, кој ги спроведува одлуките и регионалните политиките во областа на управување со отпадот делегирани од меѓуопштински одбор за управување со отпад (каде членуваат градоначалници од општините основачи на регионалниот центар). Преку регионалното управување се воспоставува и организира регионален систем за управување со отпад со акцент на формирање регионална депонија за отпад и/или други објекти и инсталации за постапување со отпад.
Поради бавниот напредок во реализација на овие законски одредби, се организира ова советување за претседателите-градоначалници на меѓуопштинските регионални одбoри за управување со отпад, претседателите-градоначалници и директорите на Центрите за развој на планските региониј, со цел да се сумира сегашната состојба и да се предложат следни чекори во насока на забрзување на исполнувањето на законските обврски, за што ќе биде информирана Владата на РМ на првата наредна седница.
No comment yet, add your voice below!