Програмата за зачувување на Природата во Македонија е Проект кој е финансиран од Владата на Швајцарската конфедерација. Како една од активностите за реализација на овој Проект е и изработка на Драфт Просторен План на Источниот плански регион, со што Источниот плански регион ќе биде прв регион во Република Македонија кој ќе има Просторен план.
Просторниот план на Источниот плански регион претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија а има за цел:
- Воспоставување на концептот на просторен развој преку примена на принципот на одржливо користење и управување со просторот;
- Воспоставување на рамнотежа меѓу просторните услови, социоекономскиот и демографскиот развој;
- Координација меѓу примарните, секундарните, терцијарните и јавните дејности;
- Решавање на конфликти кои се резултат на користење на природните ресурси со цел за нивно рационално користење;
- Усогласување на можностите и определбите за идниот просторен развој;
- Организација, уредување и управување на просторот со временски хоризонт до 2030 год.;
На 17 јануари 2014 година во голената сала на општина Штип се одржа работна средба помеѓу Агенцијата за планирање на просторот како изработувач на Планот, партиципативните тела од 11 (единаесетте) општини од Источниот плански регион како корисници на Планот и претставници од Центарот за развој на Источен плански регион, Фармахем и Министерство за животна средина и просторно планирање како партнери во Проектот.
Целта на проектот беше партнерите да се запознаат со значењето на Просторниот план, начинот на соработка, кои се документи треба да се изработат за да може да се изработи планот, динамиката на изработка и временската рамка.
No comment yet, add your voice below!