На 12 февруари 2014 година во Штип се одржа III (трет)состанок на Управниот Одбор на проектот Програма за зачувување на природата во Македонија и IV (четврт) состанок на Управниот Одбор на проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница.Oвие проекти се финансирани преку Швајцарската конфедерација т.е Швајцарската Агенција за развој и соработка СДЦ и Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи СЕКО,
Министерството за животна средина и просторно планирање МЖСПП , Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство МЗШВС и општините од регионот на Брегалница. Проектите се во навлезена фаза на имплементација и очекувани резултати.
На состанокот на УО на Програма за зачувување на природата во Македонија позначајни точки беа:
· Нацрт годишен извештај за 2013 година,
· Нацрт оперативен план за 2014 година,
· Презентација и усвојување на нацрт концепти за прекугранична соработка, мали проекти и придобивките од употребата на практити за заштита на животната средина и техники за заштеда на енергија.
На состанокот на УО на проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница позначајни точки беа:
1.Презентација на Полу-годишниот извештај
· Драфт План за управување со сливот на р. Брегалница
· Статус на имплементација на Фаза 1 на Мали инфраструктурни проекти (МИП)
· Индикатори за имплементација на проектот
2.Мали инфраструктурни проекти (Фаза 1)
· Презентација на сите МИП поднесени од Општините
· Одлука на ОУ за финансирање на поедините проекти
· Следни чекори
3.Совет за управување со сливот на р. Брегалница – Информација за прв состанок
4.Презентација на Концептот за контрола на квалитетот на ПУРС Брегалница
No comment yet, add your voice below!