Skip to content

ДАТУМ

мај 29, 2014

Категории

Потпишан Договор за Набавка и транспорт на ПЕ коругирани цевки за Продолжување на изградба на колектор за отпадни води на р. Брегалница во Делчево-сервиска зона Долни бавчи – II фаза

На ден 28.05.2014 година, во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Трговско друштво за производство, трговија, услуги и транспорт КОД-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица се потпиша Договорот за Набавка и транспорт на ПЕ коругирани цевки за фекална канализација за Продолжување на изградба на колектор за отпадни води за град Делчево од десна страна на р. Брегалница од Делчево-сервиска зона Долни бавчи – II фаза.

Средствата за реализација на овој инфраструктурен проект ,  се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија преку Министерството за Локална Самоуправа – Биро за регионален развој, од Програмата за Рамномерен регионален развој во 2014 година, со Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2014 година. Висината на одобрените средства изнесува 1.756.795,00 денари, додека вкупниот буџет на проектот (2-фаза) е 2.552.580,00 денари. Носител на проектот е Центарот за развој на Источен плански регион, а директен партнер општина Делчево. Имајќи во предвид дека сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот, гравитираат по течението на река Брегалница,  овој проект има  исклучително значење во заштитата на реката Брегалница од отпадните води и заштитата на животната средина во регионот.

Целосното завршување на проектот ќе продолжи и во наредната година. 

{gallery}novosti/PE corrugated pipe:::0:0{/gallery}

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy