На 10 Јули 2014 година на летната сцена на градскиот плоштад во Пехчево, започна четвртото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2014. Програма на сцената на градскиот плоштад ја отворија мажоретките од Благоевград и Симитли Р.Бугарија, а со својата изведба ја развеселија публиката ансамблот Танец и КУД ,,Јане Сандански’’ од Пехчево, минатогодишниот победник на фестивалот во Пехчево Уска Кан и оркестарот од Сурдулица Р.Србија, како и настапот на фолк ѕвездите Анета и гр. Молика.
Фестивалот во Пехчево е единствен фестивал од ваков вид во земјава, кој со квалитетот на инструменталистите кои настапуваат, се наметнува како сериозна конкуренција на дувачкиот фестивал на трубите во Гуча, соседна Србија. Фактот дека победниците во Пехчево и во 2011 оркестарот Џамбо Агушев и во 2013 оркестарот Уска Кан, ја освоија златната труба на светот на Гуча.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Игор Поповски кој истакна дека Општина Пехчево по четврти пат е организатор на единствениот фестивал во Република Македонија посветен на традицијата на дувачките инструменти и оркестри, кој има цел да ја сочува оваа традиција, да ја долови виртуозноста на инструменталистите и да овозможи афирмација на оркестрите кои секогаш умеат да направат добра забава.
Програмата на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2014 беше исполнета и со настапите на Децата од детската градинка ,,7 ми Септември’’, локални пејачи ,дувачките оркестри Берхран од Штип, Дурак од с.Црник-Пехчево и Уска Кан од Берово, дувачкиот оркестар Џамбо Агушев, фолк пеачката Катерина Таневска и групата Нели ти реков како и Dj Ti Si и Dj Марек од Р.Бугарија. со кои забавата траеше до раните утрински часови.
{gallery}novosti/2014.07.14_1:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!