Skip to content

ДАТУМ

септември 17, 2014

Категории

Одржани работилници за подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)

Со цел отпочнување на процесот за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019), Центарот за развој на Источен плански регион во координација со Министерство за локална самоуправа и ГИЗ РЕД програмата за регионален економски развој во РМ и Швајцарската агенција за развој и соработка, организираше работилници на ден 11 и 12.09.2014 година, во хотел Изгрев во Штип.

Ревизијата на програмата ќе се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

На работилниците беше претставена постоечката Програма за развој на Источен плански регион 2009-2014, односно среднорочните цели, приоритетите и мерките по кои се реализираше регионалниот развој во изминатите 5 (пет) години. Потоа беше претставена методологијата за изработка на SWOT и PEST анализите.

Работилниците се одвиваа по тематски области, на истите присуствуваа релевантни претставници од единиците на локална самоуправа, бизнис секторот, НВО, ЈП и ресорните Министерствата, и за секоја приоритетна област се изработија горенаведените анализи.

Изработката на квалитетна Програма е од големо значење за развојот на регионот. На база на приоритетите кои ќе бидат внесени во новата Програма во иднина општините, НВО, Бизнис секторот и останатите заинтересирани страни ќе можат да аплицираат до средства од домашните и Европските фондови по различни Програми.

{module [373]}{loadmodule related}

{gallery}novosti/2014.09.15_1:::0:0{/gallery}

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy