Skip to content

ДАТУМ

септември 26, 2014

Категории

Одржан Семинар за рурален развој во комитетот на региони

Од 17-19 Септември 2014 година, во Комитетот на региони во Брисел, Белгија се одржа Семинар за рурален развој. Целта на семинарот беше да се претстави политиката и програмата на Европската унија за рурален развој за периодот 2014-2020 година пред претставниците од земјите од Западен Балкан и Турција.

Во земјите од регионот, руралните средини се соочуваат со бројни структурни и социо-економски проблеми, за кои решение може да се најде во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ и КАП. Преку оваа програма може да се ​​зголеми продуктивноста и можноста за вработување на луѓе во овие региони, а особено во руралните средини. Територијалниот пристап кон руралниот развој, меѓу другото, бара и зајакнување на капацитетите на регионалните и локалните власти кои играат важна улога во исполнувањето на условите за пристапување во ЕУ во областа на руралниот развој.

Делегацијата на Република Македонија, пред претставниците на Европската унија и останатите учесници на Семинарот ја претставија политиката на Република Македонија во врска со руралниот развој, превземените активности во досегашниот период како и планираните активности во периодот кој следува на централно, регионално и локално ниво.

На Семинарот за рурален развој, во делегацијата од Република Македонија, Источниот плански регион беше претставуван од г-дин Емил Василев. 

{gallery}novosti/2014.09.26:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy