Skip to content

ДАТУМ

септември 30, 2014

Категории

Годишна завршна Конференција – Југоисточна Европа 2014

Во Љубљана, Р.Словенија од 24-25 септември 2014 година се одржа Завршна Конференција за Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа 2007-2013 година. На Конференцијата од Центарот за развој на Источен плански регион присуствуваше директорот на центарот Г-ѓа Драгица Здравева и Зујица Ангелова, коодинатор за регионален развој.Програмата за транснационална соработка на  Југоисточна Европа, вклучува 16 земји учеснички и тоа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Чешка, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина. Оваа Програма има најголем број земји учеснички меѓу сите Европски Програми за територијална соработка. Програмата за ЈИЕ се покажа како успешна алатка за подобрување на интеграцијата и зголемување на соработката во области и надвор од границите на земјите и  има реално влијание врз животот на граѓаните.

Од 2007 година преку Програмата беа распишани 4 (четири) повици, одобрени 122 проекти, со 2140 партнери од 16 земји и вкупен буџет од 245,1 милиони евра со што се оствари голем придонес во целокупниот територијален развој и соработка помеѓу земјите од ЈИЕ. На Конференцијата беа презентирани досегашните постигнати резултати и можностите за идната Европска територијална соработка. Се презентираа и повеќе успешни проекти со високо влијание во областа на која се однесуваат, со вистински ефект врз корисниците и додадена вредност врз   транснационалната соработка. На Конференцијата беа претставени и новите Програми. За периодот 2014-2020 година транснационалната соработка  ќе биде покриена преку три Оперативни Програми: Јадранско-Јонска, Балкан-Медитеран и Дунав Програмата.  Утврдени се  4 приоритети:Иновации, Животна средина, Пристапност и Одржлив урбан развој и 14 столбови: 

  1. Иновации, управување и политика;
  2. Конкурентни мали и средни претпријатија и поддршка на услуги;
  3. Трансфер на знаење за мали и средни претпријатија;
  4. Ниска употреба на јагленород; 
  5. Адаптација на климатските промени;
  6. Заштита на природата;
  7. Управување со опасност и спречување на ризици;
  8. Вработување и демографски промени;
  9. Урбан развој;
  10. Културни ресурси;
  11. Мултимодална достапност до примарните мрежи;
  12. Регионална мобилност;
  13. Зелени транспортни системи и
  14. Пристап до квалитетен ICT.

Дел од Конференцијата  беше и организираната изложба од фотографии и видео материја од големиот број реализирани проекти, организирана посета на терен на веќе реализирани проекти, финансирани од Програмата, истата нудеше големи можностиза размена на искустваи вмрежувања за реализација на идни проекти од новите Програми за транснационална соработка. Целата Конференција се пренесуваше онлајн на веб-сајтот на ЈЕИ  (www.southeast-europe.net).

{gallery}novosti/2014.09.29:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy