Претставници од 16 туристички дестинации во 7 земји: Лече и Тирана (Албанија); Тузла и Бања Лука (Босна и Херцеговина); Софија (Бугарија); Задар и Видин (Хрватска); Штип и Охрид (Македонија); Бау и Букурешт (Романија); Нови Сад, Сремски Карловци, Аранџеловац и Белград (Србија) на 30ти Октомври земаа учевство на вториот SEEMORE Central European Transfer Seminar.
Семинарот беше организиран од страна на CEI во рамките на проект SEEMORE ( Оддржлива енергетска ефикасност мобилна опција во туристичките региони во Европа).
SEEMORE има за цел подобрување на употребата на оддржливи начини на транспорт од страна на туристите како и да се вреднува трансферот на најдобрите практики и успешни пристапи развиени во рамки на проектот и други туристички дестинации. За време на настанот, претставници од регионите Варна (Бугарија) и Лимасол (Кипар) SEEMORE претставија нови мерки развиени во рамките на проектот, како што се одржлива мобилност на туристички водичи, насочени кампањи за подигање и специфични програми за соработка со хотели и други заинтересирани страни од од областа на туризмот.
На Семинарот своја презентација имаше и Александар Николов – претставник од Центарот за развој на Источен плански регион за сегашната состојба и можностите за оддржлив начин на транспорт во микрорегион Пијанец-Малеш, што резултираше со идна соработка и настап пред европските фондови со дел од учесниците на семинарот.
No comment yet, add your voice below!