На ден 21.10.2014 година (вторник), со почеток во 12:00 часот,во хотел „Романтик“, општина Дојран, се одржа XXI(дваесет и првото) Регионално Собрание на Градоначалниците од „Брегалничко – Струмичкиот Регион”.
На Собранието беа присутни Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион, Раководителите на Центрите за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион, претсавниците од ГИЗ-РЕД Програмата во Република Македонија, претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, Државниот секретар на Министерството за Локална Самоуправа и претствници од Бирото за Регионален Развој.
Присутните ги поздрави, Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и домакин на средбата Г-дин Ванчо Стојанов, Градоначалник на општина Василево и Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип. Модератор на настанот беше Г-дин Хари Шутоски, Координатор за регионално управување во ГИЗ РЕД Програмата.
На присутните се обрати и Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, Државен секретар при Министерството за локална самоуправа која даде и кратка информација за тековните активности на Министерството од областа на рамномерниот регионален развој. Меѓу присутните свое обраќање имаа и Г-а Весна Гоцева, претставник од Бирото за регионален развој, Г-дин Зоран Крајоски, Раководител на Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, Г-ѓа Марија Караева, Kоординатор за регионално планирање и регионална политика и Г-дин Александар Караев, Kоордионатор за регионален и локален економски развој.
Присутните беа информирани за тековните активности од областа на рамномерниот регионален развој, спроведени преку Бирото за регионален развој и ГИЗ РЕД Програмата како и информации за Системот за координација на политиката за регионален развој.
Беше договорено следното 22-ро Собрание на Брегалничко-Струмичкиот регион да се одржи Источниот плански регион, наПониква, општина Кочани.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!