На ден 24.11.2014, во просториите на ЕУ инфо центарот, во организација на Центарот за Управување со Знаење, се одржа Вториот Национален Тренинг ден на PPP4Broadbаnd проектот.
PPP4Broadband, е проект од четвртиот повик на Транснационалната програма за ЈЕЕ на ЕУ, чија цел е развој на модели за јавно-приватно партнерство за широкопојасен интернет. Проектот се спроведува од 12 партнери од 9 земји на ЈЕЕ. Во Македонија, проектот го спроведува Центарот за Управување со знаење и Центарот за развој на Источен плански регион. Повеќе информации може да најдете на http://www.ppp4broadband.eu
Целта на обуката беше да се:
- создаде свест помеѓу регионалните и локалните јавни актери за нивната улога во развојот на широкопојасниот интернет.
- презентира моменталната ситуација и потреба од квалитетен широкопојасен интернет во регионите.
- укаже на јавната администрација т.е. јавните институции дека е потребно да учествуваат во инвестиции во ситуации кога постои неуспех на пазарот.
- презентираат креираните алатките, односно 9-те модели, порталот, Центарот за Извонредност, како и “Упатството како да се користат моделите на ЈПП во пракса”.
- презентираат добри практики во развојот на широкопојасен интернет преку моделите на ЈПП на национално и интернационално ниво.
No comment yet, add your voice below!