Центарот за развој на Источниот плански регион спроведува партиципативен процес за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Програмата е изготвена во согласност со Методологијата на Министерството за локална самоуправа (Правилник за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој, Службен весник на РМ, бр. 102/2009).
На Финалната конференција одржана на 20.11.2014во Хотел Изгрев, Штип, поздравно обраќањеи обраќање за важноста и значењето на Програмата за развој на Источниот плански регион дадоа:
- Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Државен секретар, Министерство за локална самоуправа
- Г-дин Геролд Шварц- ГИЗ РЕД Програм менаџер
- Г-ѓа Мојца Криспер Фигуероа- ЕУ Делегација Програм менаџер
- Г-ѓа Анета Дамјановска- Раководител на Националната Програма за Швајцарска Соработка за Развој
- Г-дин Илчо Захариев- Градоначалник на општина Штип
- Г-дин Тони Тоневски- Градоначалник на општина Пробиштип и Претседател на Источен плански регион
- Г-ѓа Драгица Здравева- Раководител на Центар за развој на Источен плански регион
Д-р Денис Жерновски тим лидер на изработувачот на Програмата го презентираше процесот на подготовка на Програма за развој на Источен плански регион (2015 – 2019)за која беа одржани низа од работилници, како и содржината на Предлог-Програма пред градоначалниците од регионот, претставници од општините, граѓанското општество и приватниот сектор, претставници од ресорните министерства вклучени во областа на рамномерниот регионален развој, експерти, претставници од СДЦ, ГИЗ РЕД и вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.
По завршувањето на презентацијата се отвори расправа по истата при што учесниците на финалната конференција изнесоа одредени коментари и забелешки со барање истите да бидат вметнати во програмата.
No comment yet, add your voice below!