Програмата за Регионален Економски Развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која се спроведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) го поддржува рамномерниот регионален развој во Република Македонија од 2008 година.
На 02 декември 2014 година (вторник), со почеток од 11:00 часот во Хотел “Александар Палас” Скопје, ГИЗ РЕД, ги презентираше успесите, искуствата и достигнувањата од досегашната работа, со посебен акцент на иднината на ГИЗ РЕД Програмата и новите модели за управување со регионалниот развој во Република Македонија.
Во рамки на настанот се организираше и Експо дел на Центарот за развој на Источен плански регион во Македонија за изложувањеи промоција на проектите “Изградба на Спортско Рекреативен Центар “Брегалница”во општина Штип и “Изградба на Дом за стари и изнемоштени лица”во општина Кочани, финансирани од ГИЗ РЕД, преку Грантовата шема условена со перформанси (PBG Grand Schema), во износ од 50.000.00евра за Источниот плански регион.
На настанот учествуваат високи претставници на Влада, Министерства, Меѓународни организации, Градоначалници, Центрите за развој на планските региони, бизнис сектор, невладин сектор и медиуми.
No comment yet, add your voice below!