Skip to content

Свечено примопредавање и пуштање во употреба на реконструираниот и пренаменет објект „Турска бања” во Галерија, општина Виница

ДАТУМ

јануари 27, 2015

Категории

Центарот за развој на Источен плански регион и општина Виница на 22 Јануари 2015 година, официјално го пуштија во употреба реконструираниот и пренаменет објект “Турска бања”во Галерија за промоција на археолошки, културни и етно обележија на Источниот плански регион, резултат од проектот, Промоција на богатството на “разликите” и зачувување на културно-историското наследство во функција на регионалниот развој. Во ново отворениот Мултифункционален културен центар, на приземјето се смести Галерија (за организирање на изложби), се обезбеди и простор за претставување и експонати од археолошкиот локалитет, Тврдината Виничко Кале. Во овој дел се уреди и канцеларија за on-line видео надзор на Тврдината “Виничко Кале”.На горниот кат е уредeнаголема сала за состаноци, семинари и работилници која ќе се стави во функција и користење на општината, невладините организации, бизнис секторот и останати институции од Источниот плански регионот, како и две двокреветни соби, кои во иднина ќе служат за сместување на гости на општината, помали делегации, уметници и останати гости на Источниот плански регион.

Од некогашните т.н. “Турски бањи”кои беа комплетно руинирани, Центарот за развој на Источен плански регион и општина Виница со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, изгради повеќенаменски објект, Мултифункционален културен центар, што е од големо значење за целиот Источен плански регион. На официјалното отварање присуствуваа Министерот за Локална Самоуправа, Лирим Шабани, директорот на Бирото за регионален развој, Џемаил Елмази, раководителот на Центарот за Источен плански регион, Драгица Здравева, и градоначалникот на Општина Виница.

Вкупниот буџет на проектот е 3.410.921,00 денари, од кои 3.000.000,00 се средства доделени од Министетрството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој на Република Македонија, преку Програмите за рамномерен регионален развој а останатите 410.921,00 денари се средства обезбедени од Буџетот на општина Виница. Проектот беше успешно реализиран во период од 4 (четири) месеци. 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy