Skip to content

ДАТУМ

мај 29, 2015

Категории

Потпишан Договор за изработка на Интерактивен веб портал за инвестирање во Источен плански регион

На 27 мај 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Изработка на Интерактивен веб портал за инвестирање во Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, како и врз основа на Програмата на Владата на Р.Македонија за рамномерен регионален развој во 2014 година, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, формирани се Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на постојните центри за развој на планските региони. Ваков Центар е формиран и во Источниот плански регион кој треба да ги надополни постојните услуги насочени кон Бизнис секторот во квалитет–целисходност, – применливост– зголемено мени на услуги и опфат на корисници.

Фирмата која ќе работи на Изработка на Интерактивен веб портал за инвестирање во Источен плански регионво рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“е Друштвото за производство, проектирање и услуги ПолиПроект ДОО – Штип.  

Во насока на реализирање на оваа цел, значајнаактивност во рамките напроектот е: „Изработка на интерактивен веб портал за инвестирање во Источен плански регион”.

Причината за реализирање на оваа активност е да се зголеми свесноста и да се презентираат потенцијалите и капацитетите што ги нуди регионот, за да се осигура ефективна и ефикасна промоција на регионот и потребните инвестиции, преку креирање и воспоставување на функционален интерактивен веб портал. Интерактивниот веб портал, ќе обезбеди максимална поддршка и надградба на општата промоција на регионот за потенцијалните инвеститори.

Со добивање  навремени и точни информации за потенцијалите и ресурсите со кои располага регионот, индустриските и економски зони, достапните “greenfield” и “brownfield” локации и поволности, инвеститорите би го зголемиле својот интерес и доверба за вложување , а со тоа би се обезбедил побрз економски развој на регионот.

Порталот ќе биде лесен за користење, содржината регуларно ќе се обновува што ќе овозможи олеснување на процесот на ширење на информациите, во исто време служејќи како алатка за инвестирање и размена на искуства за постоечките бизнис можности во регионот и потенцијалните инвеститори.

Исто така, како причина за извршување на задачата се јавува и потребата, на идните инвеститори да им се претстават националните и регионалните политики и мерки за поддршка на инвестициите како и можностите за финансирање и пристапот до дополнителни извори на финанскиски средства.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy