На 28 мај 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Изработка на Елаборат за геомеханички истражни работи за изработка на техничка документација за изградба на патишта и паркиралишта (паркинг простори) во Спортско Рекреативен Туристички Центар ПОНИКВА во рамките на проектот Изградба на патишта и паркинг простор во СРТЦ Пониква и “Осогово”-препознатлива туристичка дестинација и регионален планински центар-до мобилност и комуникација со изградба на жичари и ски лифтови за вертикален транспорт.
Проектот е финансиран од Европската Унија а управуван од страна на Германското Друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Програма за регионален економски развој во Македонија.
Фирмата која ќе работи на Изработка на Елаборатот за геомеханички истражни работи за изработка на техничка документација за изградба на патишта и паркиралишта (паркинг простори) во Спортско Рекреативен Туристички Центар ПОНИКВА е Друштво за геолошки истражувања, проектирање и инженеринг ГЕОС-М ДООЕЛ – Скопје.
Реализацијата на овој проект води кон создавање на услови за динамичен и оддржлив развој на Cки туризмот во Источниот плански регион. Со проектот се предвидени геомеханички истражни работи и лабараториски испитувања за предвидени сообраќајници и стационарен сообраќај за Општините Пробиштип и Кочани.
Изградбата на современа и квалитетна инфраструктура во СРТЦ Пониква, игра значајна улога во создавањето на услови за подолг престој и зголемување на бројот на домашни и странски туристи. Центарот за развој на Источен плански регион уште од почетокот на своето работење работи интензивно на создавање на услови за поинтензивен развој на регионот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните со посебен акцент да СРТЦ Пониква да добие физиономија на уредена туристичка населба.
Крајниот рок за извршување на услугата е 01 Јули 2015 година.
No comment yet, add your voice below!