Втор Советодавен Настан со приватен сектор од ИПР во рамки на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР“
На 12-ти јуни, 2015 година, во големата сала на Општина Штип, се оддржа Вториот Советодавен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.
Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.