На 24-ти јуни, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион и останатите заинтерсесирани чинители на тема: „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф за потенцијални апликанти“.
Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.
Главна цел на настанот е зголемување на конкурентноста на планскиот регион преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источен плански регион:
-
Среднорочна цел 1.
(Економски развиен регион, пошироко препознаен како атрактивен за инвестирање);
- Приоритет 1.2.
(Развој на претприемништвото и на малиот бизнис во регионот);
- Мерка 1.2.2.
(Поддршка на бизниси од висока технологија и креативни индустрии);
- Мерка 1.2.3.
(Подигање на капацитетот на бизнисите за пристап до развиените фондови);
На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.
Настанот беше организиран во соработка со Стопанска комора на Македонија и Фондот за иновации.
Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.
Теми на настанот беа:
-
Презентација на Фондот и инструментите;
- Правила и процедури за финансирање под инструментот;
- Краток вовед во Апликациски пакет;
- Подготовка на предлог проекти, како информации за софтвер, апликациски формулар, бизнис план, буџет на проектот и придружна документација.
По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од Стопанска комора на Македонија и Фонф за иновации.
Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на информативни настани од различни области.
No comment yet, add your voice below!