Skip to content

Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

ДАТУМ

јули 13, 2016

Категории

На 12-ти јули, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа втор информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион, општините од Источен плански регион и останатите заинтересирани чинители на теми: Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерките кои ги опфаќаат секторите во земјоделството и руралниот развој во Р. Македонија, АФПЗРР, Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 година за 2015 година и Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2015 година.

Главна цел на настанот е детално да се запознаат присутните лица со можностите за искористување на грантовите преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како и со работењето на Центарот за развој на Источен плански регион во претходната година.

Имајќи ја во предвид иселеноста на луѓето и миграцијата село – град во регионот, посебно значајно е за земјоделците и останатите заинтересирани чинители, да добијат реална слика за искористувањето на овие грантови преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и мерките кои ги опфаќаат секторите во земјоделството и руралниот развој, се со цел подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија.

Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, општини, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на Програмите за финансиска поддршка вo земјоделството и руралниот развој преку мерките кои ги опфаќаат секторите во земјоделството и руралниот развој во Р. Македонија, АФПЗРР,
  • Презентација на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 година за 2015 година и
  • Презентација на Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2015 година.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР.

Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на информативни настани од различни области.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy