Skip to content

ДАТУМ

април 8, 2017

Категории

Оддржана Прва Прес конференција за проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија во Благоевград, Бугарија

На 03ти Април 2017 година (Понеделник), Обласната Администрација Благоевград, Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Македонија во Благоевград оддржаа заедничка прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина – ГРЕЕН” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

На прес конференција се промовира целта и активностите предвидени за реализација во рамки на проектот GREEN пред Градоначалници на општините од двата региони и останати представници од локалните самоуправи од Источниот плански регион и Област Благоевград како и претставници од останати региони, претставници од Заедничкиот Технички Секретаријат, претставници од електронски и печатени медиуми, бизнис секторот и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион. Настанот го посетија над шеесетина учесници.

На прес конференцијата свое обраќање за важноста и значењето на Проектот имаа:

  •  Г-дин Валериј Сарандев, Областен Управител на регионот Благоевград, Бугарија;
  •  Г-дин Ратко Димитровски. Претседател на Советот за развој на Источен плански регион и Градоначалник на Општина Кочани, Македонија;
  •  Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Водечки Партнер на проектот ГРЕЕН и
  •  Г-ѓа Асија Велкова, Координатор од бугарска страна на проектот ГРЕЕН.

Проектот ќе се реализира во регионот Благоевград, Бугарија и Источниот плански регион, Македонија. Проектните активности се во правец на заштита на животната средина и оддржливо користење на природните ресурси во целниот прекуграничен регион.  Целни групи кои ќе се опфатат со проектот се млади луѓе на возраст од 10 до 17 години, претставници на општините и обласната администрација, претставници на невладиниот сектор и приватниот сектор, вработените во општина Кочани, Центарот за развој на Источен плански регион и Обласната Администрација во Благоевград.

Со проектот ќе се реализираат низа од активности и на двете страни од регионот со отворени можности за вмрежување и отворени дискусии за заедничките прашања и перспективи во делот на заштитата на животната средина.

Активностите предвидени во рамки на проектот пред присутните ги претстави, Координатор од бугарска страна на проектот ГРЕЕН, Г-ѓа Асија Велкова која подетално ги образложи активностите како што се:

  • Управување со проектот;
  • Спроведување на серија од работилници за зајакнување на капацитетите за климатски промени и обуки на теми за климатски промени и мерки за намалување на последиците од климатските промени и значењето на зелена инфраструктура;
  • Спроведување на иновативна кампања за зголемување на свесноста за одржливо користење на енергијата и изградба на „зелена“ инфраструктура, подготовка и дистрибуција на едукативни материјали, вклучувајќи и изработка и емитување на видео и аудио спот;
  • Користење на специјална мобилна лабораторија и мобилна канцеларија за промоција на проектот;
  • Изработка на посебна Веб и Facebook страна за промоција на проектот;
  • Градежни работи на административната зграда на Општина Кочани и промена на нејзината енергетска класа од D во B;
  • Градежни работи на зградта на Регионалната Управа Благоевград;
  • Изработка на регионална Стратегија за еднергија и промоција на проектот и проектните резултати.

Проектот промовира соработка и нови иновативни практики во делот на заштита и зачувување на животната средина преку употреба на нови технологии и мерки во текот на реализацијата, размена на искуства и најдобри практики помеѓу двата региони.

По официјалниот дел на прес конференцијата следеше широка дискусија за темата која ја обработува проектот како и изјави на претставниците за медиумите од Област Благоевград и од Источниот плански регион.

Краен рок за спроведување на проектот е Октовмри 2018 година.

Вкупниот буџет на проектот е 398.436,00 евра.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy