Skip to content

ДАТУМ

декември 7, 2017

Категории

Одржана Втора Седница на Советот за развој на Источен плански регион

На ден 04.12.2017 година во општина Кочани се одржа Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На Седницата се донесе Одлука за утврдување на Годишната листа на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион во 2018 година. Во Листата влегоа проектите: Со младите во заедничка зелена иднина; Збогатување на туристичката понуда со изградба на Пешачки мост на река Брегалница во Делчево; Изработка на техничка документација  за енергетска ефикасност на училишта и градинки во 11 општини од регионот и Изградба на дел од Ул „1“ во Индустриска зона „Чуката“ Пехчево.

На Седницата се дискутираше и за обврските на општините согласно Договорот за соработка склучен помеѓу Министерство за локална самоуправа и општините основачи на Центарот за развој на Источен плански регион, како и за и обврските на општините по основ на Договорите за заедничка реализација на проекти.

На Седницата присуствуваа и претставници од Бирото за регионален развој.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy