Skip to content

ДАТУМ

јули 23, 2018

Категории

Одржана Шеста седница на Совет за развој на Источен плански регион

На ден 20.07.2018 година се одржа Шестата Седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Берово.

На седницата беа присутни министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, претставничката на УНДП во Македонија г-ѓа Луиза Винтон, како и претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Стопанската комора на Македонија.

На Седницата беше дадена согласност за воспоставување на Меѓурегионален технолошки парк во Источен и Вардарски плански регион. На донесувањето на оваа согласност претходеше кратка презентација од страна на претставник од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој ги потенцираше најважните општествени придобивки од ваквите паркови, ги претстави можните сценарија за обликот на функционитање на идниот парк, како и чекорите кои што следат понатаму во процесот на неговото воспоставување.

Советот на Источниот плански регион избра приоритетен проект со кој Центарот ќе аплицира на грантовата мрежа за поддршка на Центрите за развој на планските региони финансирана од УНДП, а која е наменета за подобрување на општинското владеење.

На Седницата беше претставена и Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и руралниот развој, односно беа презентирани проектите кои што беа поднесени за финансирање од страна на Центарот, на предлог на општините.

Градоначалниците дискутираа и околу Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, при што низ консултативен пристап ги избраа и предлог проектите кои што ќе бидат поднесени за финансирање.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy