Skip to content

ДАТУМ

септември 12, 2018

Категории

Потпишан Договор за изградба на пешачки мост на река Брегалница, Општина Делчево

На 10 септември 2018 година во просториите на Бирото за регионален развој беше потпишан Договор за реализација на проекти за развој на планските региони. Договорот се однесува за реализација на вториот проект за кој на Центарот за развој на Источен плански регион му беа одобрени средства за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој, а кој ќе се изведува во Општина Делчево.

За изградбата на пешачкиот мост на река Брегалница во Општина Делчево, на 11 септември 2018 година беше потпишан и договор за заедничка реализација со Градоначалникот Горан Трајковски. Покрај средствата од националниот Буџет, обезбедено е и кофинансирање од општината во висина од 34,5% од вкупниот буџет за реализација на проектот.

По потпишувањето на договорот ќе следува распишување на јавен повик за избор на најповолен понудувач, кој ќе биде објавен во текот на наредната недела. Мостот ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот и на граѓаните ќе им се овозможи полесна мобилност низ градот, воедно збогатувајќи ја туристичката понуда на Делчево.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy