Skip to content

ДАТУМ

септември 29, 2018

Категории

Започнување со реализација на проектот „Со младите во заедничка зелена иднина“

На 20 септември 2018 година во просториите на Општина Штип се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Вардарградба – Скопје за реализација на проектот „Со младите во заедничка зелена иднина“.

Договорот за изградба на детската градинка во населба Сењак, раководителот на Центарот и управителот на Вардарградба го потпишаа во присуство на градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски.

По потпишувањето на договорот, на 28 септември 2018 година беше извршено воведување во работа од страна на овластената фирма која ќе го врши надзорот над изградбата, со што и официјално започнаа градежните активности со рок за изведување на работите од околу една година.

Детската градинка ќе се состои од две крила кои што ќе обезбедат услови за сместување на 200 деца, на површина од  1500м2

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy