На 16 октомври 2018 година претставници од Центарот за развој на Источен плански регион и националниот координатор Фармахем од Скопје извршија мониторинг на активностите кои што се во фаза на реализација во рамки на проектот „Старите вековни дрвја во Малеш и Пијанец“.
Проектот се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, финансирана од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Целта на проектот е поголема промоција на старите вековни дрвја на територијата на Малеш и Пијанец преку нивна заштита и доближување на нивните високи природни вредности до сите заинтересирани лица.
Преку реализацијата на овој проект ќе се изврши идентификација, промоција и зачувување на старите вековни дрвја во регионите Малеш и Пијанец и вклучување на природните вредности во туристичките атракции и понуди на општините Берово, Пехчево и Делчево, како уникатна туристичка понуда.
No comment yet, add your voice below!