Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион, Регионална стопанска комора и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, организираа инфо сесија за Јавниот ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Информативната сесија се одржа на 13.11.2018 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во Кампус 2, во свечената сала на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија. Дополнително се очекува со овој инструмент да се поттикне културата на преземање на ризик и иновација, и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга.
Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија.
Прифатливи активности за финансирање се:
- Активности за истражување и развој
- Развој на пилот линии
- Активности за тестирање
- Услуги поврзани во интелектуална сопственост
- Дизајн
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.12.2018 година, до 23:59 часот.
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/startapuvaj со клик на копчето „Аплицирај“.
Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
No comment yet, add your voice below!