На ден 12.03.2019 година се одржа деветтата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Карбинци.
На Седницата беа усвоени завршните сметки за работата на Центарот за развој на Источен плански регион, како и на сметките на проектите кои се реализираа во текот на 2018 година.
Советот за развој на Источен плански регион даде позитивно мислење и ги усвои Годишниот извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 за 2018 година, како и Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион со финансиски извештај за 2018 година.
На Седницата беа прифатени и предлог-концептите од одржаните регионални форуми во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Конфедерација
No comment yet, add your voice below!