Skip to content

ДАТУМ

февруари 28, 2019

Категории

Втора форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 27.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Втората  форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 27.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започна со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

На ден 20.02.2019 година (среда) се оддржа Првата форумска сесија на која се дискутираше за проблеми кои го засегаат регионот и се нудеа решенија од кои  произлегоа проектни идеи / концепти за предлог проекти.

На Втората форумска сесија која се оддржа на ден 27.02.2019 година (среда), учесниците имаа свои презентации и дискусии со што ги претставија своите предлог проекти на форумот со цел за да на наредната форумска сесија се изберат најприоритетните. Откако ќе се изберат најприоритетните предлог проекти на третата форумска сесија, најприоритетните предлог проекти што ќе се изберат ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот  форумскиот проект.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy