На 18 март 2019 година во општина Делчево се организираше работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти, во рамки на воспоставеното Координативно тело за развој на туризмот во Источен плански регион.
Работилницата имаше за цел зајакнување на капацитетите на локалните администрации во однос на нивните улоги при спроведувањето на Законот за туристичка дејност, како и за запознавање со минимум стандардите потребни за извршување на туристичката дејност и услугите кои се предвидени за развој на селски, еколошки и етно туризам.
На работилницата беа присутни и претставници од приватниот сектор во Источниот плански регион кои што имаа шанса да слушнат за минимум потребните услови категоризацијата на објектите за сместување и да разменат свои искуства и предлози во насока на подобрување на туристичката атрактивност на Источниот плански регион.
Воедно се презентираше и искуството на општина Берово за успешното работење во туристичкиот и угостителскиот сектор како пример за вршењето на должноста на локалните самоуправи во водење на регистар за малите сместувачки објекти во рамки на општините и нивна категоризација.
Работилницата се организираше во соработка со Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија, а е поддржана во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.
No comment yet, add your voice below!