Skip to content

ДАТУМ

март 21, 2019

Категории

Трета форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, одржана на 06.03.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Третата форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се одржа на 06.03.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започна со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

На ден 27.03.2019 година (среда) се оддржа Втората форумска сесија на која се презентираа проектни идеи / концепти за предлог проекти.

На Третата форумска сесија која се оддржа на ден 06.03.2019 година (среда), учесниците ги презентираа уште еднаш своите предлог проекти на форумот со цел на оваа форумска сесија се изберат најприоритетните.

Откако се презентираа сите  концепти, следеше гласањето. Гласањето беше од типот Евровизиски начин и се гласаше во рамките на работните маси. Во рамки на масите се изгради консензус.

Сите работни маси завршија со гласањето и точноста на истите беа утврдени од страна на одговорните лица. Според резултатите вака е рангирањето:

  1. Доградба и реконструкција на дом за стари лица – Берово;
  2. Партерно уредување на Пехчевски водопади;
  3. Реконструкција на ски-лифт на Пониква;
  4. Подобрување на можноста за развој на езерски туризам во Источниот плански регион;
  5. Реконструкција на планинарски дом Лисец;
  6. Струмина Треил – јужен дел на општина Штип.
  7. Создавање на просторни услови во Теракота Виница;
  8. Изградба на засолниште под врвот Тутрел;

Првите 3 (три) рангирани проекти, односно концептите за истите се се презентираа на Советот за развој на Источен плански регион. Советот за развој на Источен плански регион ги одобри првите 3 (три) концепти, а потоа Центарот за развој на Источен плански регион првите 3 (три) концепти ги доставува на одобрување до SDC и  МЛС и на крај донаторот одлучува кој проект ќе го финансира. Воедно ЦРИПР ќе се залага во иднина да обезбеди средства за финансирање и на останатите предлог – проекти.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy