ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

24.04.2019
Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во  рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

images novosti 2019 06.12 1 Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен  плански регион преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, одржа работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за иновативен проект. Работилницата се одржа на ден  24.04.2019 година (среда)  во Х. Изгрев со почеток од 11 часот.

images novosti 2019 06.12 2 Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Во првата фаза од работилницата, имаше идентификација на иновативна проектна идеја и развивање на проектниот концепт. За идентификација на проектната идеја, Центарот за развој на Источниот плански регион организираше работилница со вклучени релевантни регионални засегнати страни (бизнис секторот, академијата, граѓанското општество и индивидуални експерти).

images novosti 2019 06.12 3 Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Вкупниот фонд за Грантовата шема за поддршка за иновативни проекти во Источниот проект за 2019 година изнесува: 38.980 CHF, за еден проект кој треба да биде реализиран до крајот на годината.

Вид на проекти:

images novosti 2019 06.12 4 Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Инвестициски проекти – имаат компонента за работа и / или снабдување со опрема како предвидени трошоци за компонентата на работите (изградба, реконструкција, рехабилитација, реновирање и сл.) и или купување на опрема (Обуки, работилници, студиско патување и други мери кои би се прифатиле само како придружни активности). Трошоците за инвестициони активности треба да формираат најмалку 70% од вкупните прифатливи трошоци. 

Сподели ја објавата