Skip to content

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО СЛИВНОТО ПОДРАЧЈЕ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА

ДАТУМ

јуни 3, 2019

Категории

Референтен број 05-229/2

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за учество на Здруженија кои се регистрирани во хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница согласно Законот за здруженија и фондации, кои имаат активен статус и имаат претходно искуство во спроведување на проектни активности во областа на одржливо управување со природните ресурси.

Целта на Јавниот повик е преку реализација на проекти да се поттикне одржливо користење на природните ресурси во регионот, односно кон воспоставување и практикување на одржливо користење на геодиверзитетот, геонаследството, биолошката и пределската разновидност, преку употреба на традиционани знаења, иновации, најдобри практики.

За да биде подобен за финансирање, предложениот проект мора во целост да се реализира во област која физички е дел од хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница.

Јавниот повик е отворен до 03.07.2019 година до 15 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги достават потребните документи до просториите на Центарот за развој на Источен плански регион.

Реализацијата на проектните концепти од овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Документи за аплицирање (Пријава за грант, Концепт за јавен повик за предлози за мали проекти, Буџет)

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy