На 8 јули 2019 година во Салата на Советот на општина Берово се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Градежник ИНГ ДООЕЛ Берово за реализација на проектот „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Берово“.
Договорот за реализацијата на проектот во општина Берово, раководителот на Центарот го потпиша во присуство на градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски.
Проектот е во вредност од околу 7 милиони денари и ќе се реализира со финансиски средства обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, како и со дополнително кофинансирање од страна на Општина Берово.
Со реализацијата на проектот ќе се уредат и осветлат пешачки патеки со кои ќе се овозможи подобар пристап на луѓето. Овој проект ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда и нов инпут во развојот и стратешките определби на Берово како препознатливо туристичко место.
Крајниот рок за реализација на проектот е заклучно до месец октомври 2019 година.
No comment yet, add your voice below!