ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“

10.07.2019
Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“

images novosti 2019 07.10 1 Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

images novosti 2019 07.10 2 Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“На 09 јули 2019 година во просториите на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип во рамки на Координативното тело за развој на туризмот во Источен плански регион се одржа работилница за „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“.

images novosti 2019 07.10 3 Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“Експертската поддршка беше обезбедена од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со тоа што фокусот беше поставен кон дефинирање на терминот за „еко туризам“ и разбирање на принципите и компонентите преку кои функционира еко туризмот во светски рамки.

images novosti 2019 07.10 4 Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“Работилницата се реализираше со цел да се зајакнат капацитетите на вработените во локалните самоуправи и општествено-ранливите категории во рамките на Источниот плански регион.

Сподели ја објавата