ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Одржана обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија

19.07.2019
Одржана обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија

images novosti 2019 07.19 1 Одржана обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република БугаријаНа ден 18.07.2019 година во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип се одржа обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

images novosti 2019 07.19 2 Одржана обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република БугаријаОбуката беше одржана од страна на претставници од Заедничкиот секретаријат за реализација на програмата под Ќустендил и Струмица на која детално се презентираа правилата за реализацијата на проектите, како и најчесто направените грешки од досегашното искуство и препораки за нивно надминување.

images novosti 2019 07.19 3 Одржана обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република БугаријаНа обуката беа присутни околу 40-тина претставници од голем број на општини, невладини организации и Центрите за развој на трите плански региони Источен, Југоисточен и Североисточен кои ги поминаа строгите критериуми за селекција и се здобија со право да реализираат проекти.

images novosti 2019 07.19 4 Одржана обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република БугаријаЦентарот за развој на Источен плански регион како водечки партнер потпиша договор за реализација на проект за реконструкција на Мултикултурниот центар во Кочани во вредност од над 19 милиони денари.

Центарот за развој на Источен плански регион обезбеди и техничка помош при подготовката на проектната апликација на ЈЗУ Клиничка Болница во Штип за реконструкција на Инфективното одделение во вредност од над 12 милиони денари.

Сподели ја објавата