На ден 17.07.2019 година се одржа десеттата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Зрновци.
На Седницата беа презентирани проектите кои што се во фаза на реализација во текот на 2019 година, како и договорите за проекти кои што допрва треба да бидат потпишани и за кои ќе следува процесот на имплементација.
Советот за развој на Источен плански регион беше информиран од страна на координаторот на проектот при Македонското еколошко друштво во врска со изработената Студија за прогласување на Осогово за заштитено подрачје.
Претставник од страна на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 го информираше Советот за развој на Источен плански регион за напредокот на компонентата за номинација на Лесново за член на Глобалната мрежа на геопаркови при УНЕСКО.
No comment yet, add your voice below!