ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенија

30.08.2019
Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенија

images novosti 2019 09.01 1 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република СловенијаВо Периодот од 26-29.08.2019 година, делегација од Општина Жалец и Развојната агенција Савиња го посетија Источниот плански регион. Целта на посетата беше взаемно промовирање на меѓународните пријателски, професионални и стручни односи помеѓу двата региона како и да се прошири досегашната соработката помеѓу општините кои припаѓаат на регионите, институциите, бизнис секторот, граганските организации итн. 

images novosti 2019 09.01 2 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република СловенијаНа 27.08.2019 година во Туристичко информативниот центар Пониква се одржа работна средба помегу Делегацијата од Република Словенија и Градоначалниците од Источниот плански регион. На работната средба присуствуваше и заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Дејан Павлевски. Работната средба заврши со потпишување на Договор за соработка помеѓу Центар за развој на Источен плански регион и Развојната агенција Савиња. Предмет на Договорот е да се создадат услови за двете институции, општините кои припаѓаат на регионите, бизнис секторот, организациите, друштвата (заедниците) и граѓаните од партнерските општини да се запознаат со историјата, сегашните и идните планови за општествениот живот, култура, спорт, патување и претприемништво кое би го користеле во заедничкиот развој. 

images novosti 2019 09.01 3 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република СловенијаДелегацијата од Република Словенија покрај посетата на општините Кочани, Виница, Карбинци и Штип каде беа примени од Градоначалниците, посетија и одредени индустриски капацитети во овие општини како можност за идна бизнис соработка помеѓу Македонски и Словенечки компании. 

Една област за соработка секако е и културното и историското наследство така да гостите имаа можност да го посетат Археолошкиот локалитет Баргала.

 

images novosti 2019 09.01 4 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенија images novosti 2019 09.01 5 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенијаimages novosti 2019 09.01 6 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенијаimages novosti 2019 09.01 7 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенија

 
images novosti 2019 09.01 8 Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенија
 

Сподели ја објавата