На 04 септември 2019 година се потпиша договор за реализација на проект „Културен мост низ вековите“.
Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира во рамки на INTERREG-IPA Програма за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија – Р.С. Македонија 2014-2020, во која Водечки партнер е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Р.Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, како проектен партнер два.
Предвидените проектни активности треба да се реализираат во период од 24 месеци, односно заклучно со 03.09.2021 година.
Вкупната вредност на проектот е околу 406 000 евра, од кои на располагање на Центарот за развој на Источен плански регион за реализирање на предвидените активности се околу 185 000 евра.
No comment yet, add your voice below!