На 04.11.2019 година се потпиша договор за изведба на работи за „Реконструкција со адаптација на Мултикултурен центар во Кочани“. Реализацијата на овој договор е во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија 2014 – 2020.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е со вкупен буџет од 562.353,54 евра, предвидува голем број на активности и градежни работи и ќе се реализира во соработка со општина Гоце Делчев од Република Бугарија во период од 24 месеци.
Реконструкцијата и адаптацијата на Мултикултурниот Центар во Кочани ќе ја изведува економскиот оператор Анол Импекс ДООЕЛ Скопје, а вредноста на градежните работи е во износ од 261.894,60 евра.
Градежните активности предвидуваат решавање на проблемот со влагата во објектот преку поставување на хидроизолација, поставување на комплетно нова водоводна и канализациона инсталација, поставување на противпожарна инсталација, громобранска инсталација, интернет и телефонска инсталација, поставување на нови вентилациони канали за санитарните јазли, комплетна демонтажа на надворешната и внатрешната столарија и поставување на комплетно нови ПВЦ врати и прозорци, целосна промена на кровот, поставување на термичка фасада, молеро-фарбарски работи, оспособување на таванскиот простор за потребите на Мултикултурниот Центар, поставување на комплетно нови подови, промена на осветлувањето на објектот и инсталација и набавка на нова видео и сигурносна опрема.
Изведувачот Анол Импекс ДООЕЛ Скопје беше воведен во градежните работи на 13.11.2019 година, а реконструкцијата и адаптацијата на Мултикултурниот Центар се очекува да заврши за 14 месеци.
No comment yet, add your voice below!