Центарот за развој на Источен плански регион ги привршува активностите за успешна реализација на проектот “Изградба на етно парк Зрновци фаза II” финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.
Средствата за реализација на овој проект се во висина од околу 3.600.000,00 денари и се обезбедени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој со дополнително кофинансирање од Општина Зрновци.
Со целосната реализација на овој проект ќе се креираат нови содржини кои ќе ги подобрат условите за организација на настани и манифестации во целиот Источен плански регион.
No comment yet, add your voice below!