На 04 јуни 2020 година (четврток) во општина Пехчево се потпиша Договорот за Партерно уредување со поставување на урбана опрема на Црнодолски водопади – Општина Пехчево во рамки на проектот “Збогатување на туристичката понуда со партерно уредување на урбана опрема на Црнодолски водопади”, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион, фирмата Изведувач на градежните работи ДППГТУ КОП Инженерин ДООЕЛ Скопје и Општина Пехчево.
Вкупната вредност на проектот е 6.205.347,00 денари, средствата се обезбедени од Програмата за регионален развој за 2019 година, преку Министерство за локална самоуправа и Биро за регионален развој, ко-финансиран од Општина Пехчево а имплементиран од страна на Центарот за развој на Источен плански регион – Штип.
Реализацијата на проектот има големо значање во однос на збогатувањето на туристичката понуда и промоција на Источниот плански регион. Со проектот се опфатени повеќе содржини, атрактивни за туристите како што се 10 дрвени мостови, 4 видиковци и летниковци со поставување на урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, платформа пред водопадот каде ќе имаат можност туристите да се фотографираат и предвидено е место за рекреација на најмалите, место за скара и останати пропратни содржини.
Од страна на овластената фирма за вршење на стручен надзор над изведбените работи, Градежник ИНГ ДООЕЛ, назначениот надзорен инженер Димитар Двојаковски и официјално го воведе Изведувачот во работата.
Крајниот рок за реализација на проектот е 04.11.2020 година.
No comment yet, add your voice below!