ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот во ИПР

22.07.2020
Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот во ИПР

images novosti 2020 07.22 4 1 Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот во ИПРЦентарот за развој на Источен плански регион потпиша договор за поставување на Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот, со што до крајот на Ноември месец 2020 ќе биде поставена по една станица во секоја општина во ИПР. Проектот е со вредност од 2.169.00,00 денари преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

images novosti 2020 07.22 4 2 Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот во ИПРПо поставувањето на станиците ќе следува и информативната кампања за употреба на агрометеоролошките станици и константно информирање на земјоделците ќе се реализира преку :

  • images novosti 2020 07.22 4 3 Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот во ИПРИнформативни презентации- во секоја општина откако ќе се постават; станиците.
  • Информативна презентација- во текот на сезоната откако ќе се пуштат во работа моделите за прогноза на болести
  • Спонзорирани реклами на социјалните мрежи;
  • Мобилна апликација на македонски јазик;
  • Веб платформа достапна за сите земјоделци;

Сподели ја објавата