Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, организираа инфо сесија за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Инфо сесијата се одржа на 03-ти март (среда) 2021 година со почеток во 11:00ч преку апликацијата ЗООМ. На настанот присуствуваа околу 80 учесници од микро, мали и средни претпријатија.Целта на поддршката е претпријатијата и приватни заравствени установи (ПЗУ) да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.Преку овој инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка за микро, мали и средни компании и ПЗУ и тоа :
- до 70% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 2,5 милони денари за микро претпријатија
- до 70% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 5 милиони за мали претпријатија
- до 60% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 10 милиони денари за средните компании
No comment yet, add your voice below!