Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 05-09.07.2021 година реализираше уште една активност во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“.
Ученичката екскурзија се реализираше во општина Гоце Делчев во Република Бугарија, на која десетина ученици од средните училишта од регионот заедно со свои врсници од Бугарија споделуваа знаења и разменуваа културни традиции, фолклорно наследство, учеа како се изработуваат стари занаети и ги истражуваа туристичките потенцијали на општина Гоце Делчев.
Ученичката екскурзија беше во организација на проектниот партнер Општина Гоце Делчев, со што се приведоа кон крај предвидените проектни активности.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија.
ДАТУМ
јули 9, 2021
Категории
Реализирана ученичка екскурзија на тема „Нашето културно наследство“
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!