На ден 24.12.2021 година во ОМЦ „Киро Глигоров“ во општина Штип се одржа втората седница на Советот за развој на Источен плански регион.
На Седницата беше донесен акциониот план за споведување на Програмата за развој на Источен плански регион за 2022 година, како и се даде усвои финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година.
Воедно, беше дадено и позитивно мислење по измените и дополнувањата на Правилникот за систематизација на работните места и се донесе Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за внатрешната организација на стручната служба на Центарот за развој на Источен плански регион, со што актите за работа се усогласија со новото законско решение.
На Седницата беа присутни и претставници од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, кои што ги претставија целите и очекувањата од втората фаза на имплементација на проектот.
Директорот на Бирото за регионален развој даде осврт за доделените Договори за реализација на проекти од Програмата за регионален развој за 2021-2022 година, со акцент на измените по кои ќе се одвива и следи имплементацијата на одобрените проекти за реализација во следната година.
No comment yet, add your voice below!