Skip to content

ДАТУМ

декември 24, 2021

Категории

Одржана конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Источен плански регион

На ден 24.12.2021 година во ОМЦ „Киро Глигоров“ во општина Штип се одржа конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Источен плански регион.

Согласно Законот за социјална заштита, конститутивната седница беше свикана по иницијатива на градоначалникот на општина Штип г-дин Иван Јорданов, а на која беа присутни градоначалниците на општините во состав на Источниот плански регион и директорите на Центрите за социјална заштита.

На конститутивната седница беше донесен деловникот за работа на новото тело кое ќе работи посветено на исполнување на обврските предвидени со Законот за социјална заштита. Едногласно, за претседател на овој Совет, со мандат од една година без право на реизбор, беше избран градоначалникот на општина Кочани г-дин Љупчо Папазов.

Воедно, на седницата се презентираше и усвои Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Источен плански регион, видот и начинот на воспоставување на услугите во 2022 година. Предлогот беше изработен во соработка со општинските администрации и Центрите за социјална работа и ги содржи релевантните, итните и неопходните потреби за подобрување на ситуацијата со социјалната заштита во регионот.

Предлогот ќе биде доставен до Министерството за труд и социјална политика, така што ќе претставува основа за реализација на проекти од доменот на социјалната заштита во 2022 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy